Во Гостивар, деновиве секоја средба почнува со прашањето има ли затруен во семејството. Пред маркетите се купуваат цели пакети со вода во шишиња, семејствата ја распределуваат за пиење, за готвење и за најосновните потреби, а низ градот владее страв дека би можела да потрае кризата. Утре треба да бидат готови резултатите од лабораториските анализи, во меѓувреме Институтот за јавно здравје им препорача на граѓаните да не ја пијат водата од ...

Гостивар пред прогласување на епидемија од заразна болест. По 6 дена откако почна напливот на болни со стомачни тегоби, Центарот за јавно здравје Тетово по препорака на ИЈЗ треба да донесе ваква одлука поради зголемување на стапката на заболени лица и се уште големиот број на гостиварци кои бараат лекарска помош. -Мерките за контрола и превенција се цело време активни, она што би се дополнително добило преку пријавување на епидемија е подобра ...

Сè уште не опаѓа трендот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостиварско, чија бројка се движи меѓу 250 и 300 пациенти на дневно ниво, поради што во општината вчера беше прогласена епидемија, со цел подобра координација на институциите. Според министерот за здравство, Сашо Клековски, сите здравствени мерки и информации кон граѓаните биле преземени уште пред да биде прогласена епидемија. Вчера во Општината беа дистрибирани и првите ...