Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот кон Скопје, во близина на Тетово. Увид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Според првичните информации, до несреќата дошло при контакт меѓу патничко возило и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата загинати и повреденото дете излетал од патот. Обвинителството ...
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години ги загубија животите во сообраќајната несреќа денес околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“. Тие се наоѓале во патничкото возило „опел“ со тетовски таблици каде има и повреден сопатник. -Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици ...