30-годишна жена од Скопје е тешко повредена откако со возило излетала од пат. Како што известија од полицијата, вчера во 10.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојане“ во село Бојане, општина Сарај, патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(30) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата Џ.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. ...

Вчера во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, управувано од Н.Р.(41) од Тетово и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(22) од село Челопек, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „ауди“ – Б.Џ.(19) од Тетово, констатирани ...

Вчера во 12:40 часот во СВР Охрид била пријавена сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата од улиците „Галичица“ и „8 Септември“. Во инцидентот биле вклучени патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната Е.М. од Охрид, и мопед исто така со охридски регистарски ознаки, кој го возела 50-годишната Б.С. од истиот град. Во несреќата, Б.С. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ...