Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме беа приморани да се бранат и да спасуваат бод со Рајо. Резултатот го отвори Ламин Јамал од крајно дискутабилен пенал во 40-тата минута. До крајот на првиот дел Барса имаше уште една одлична шанса преку Дани Олмо кој од непосредна близина не успеа да го матира ...
Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, не успеа да дојде до целиот плен на гостувањето кај Рајо Ваљекано, па ќе мора да се задоволат само со бод, иако лесно можеа да останат и без него. „Каталонците“ одиграа само 1-1 на „Ваљекас“, откако дојдоа во водство преку Ламин Јамал од пенал во 40-тата минута. Најстрогата казна беше направена токму над него, но сигурно ќе предизвика многу полемики во Шпанија. Рајо Ваљекано израмни преку Фран Перес во ...