Фудбалскиот клуб Пелистер го промовира петтото засилување за новата сезона и одново се работи за српски интернационалец. Нов член на „зелено-белите“ е Лука Булатовиќ. Станува збор за 27-годишен играч кој настапува примарно како десно крило, но може да дејствува и по левата страна. Последниот ангажман Булатовиќ го имаше во Горица со која настапуваше во Втората словенечка лига, одигра 29 натпревари, постигна седум гола и подели шест асистенции. ...
Екипата на Пелистер продолжува со засилувањата откако вечерва беше официјализиран уште еден трансфер, потпишувајќи едногодишен договор со Лука Булатовиќ. Српскиот интернационалец треба да биде засилување за навалната линија и доаѓа од редовите на Горица во Словенија, откако претходно настапуваше во пониските лиги во Грција. „Компетитивноста во сите делови на тимот мора да биде присутна сезонава за остварување на зацртаните цели. За таа цел ФК ...
Од вечерва и официјално Пелистер има нов член во името на Лука Булатовиќ (26). Тој е интернационалец од Србија кој досега во својата кариера играл за екипите на Раднички Срем, НД Горица, како и во неколку клубови во Грција. Може да игра на левата бековска позиција, но стратегот Димитар Капинковски може да го користи и како лево крило. Инаку Пелистер ова лето и тоа како е активен на трансфер пазарот, новото раководство на клубот се обидува да ...