Изложба на ракотворби беше отворена вечерва во Дом на култура „Иван Мазов – Климе” во Кавадарци, во соработка со здруженија, физички лица, пензионерки, ученици и слично. Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова, појасни дека на изложбата се претставени велигденски ракотворби изработени од вештите раце на овие учесници. Меѓу нив и изработки од ученици и пензионери, изработки од филиграни, како и традиционалната облека како обичај за ...

На 16. април 2025 година, во Галеријата при Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, беше свечено отворена традиционалната „Велигденска изложба на ракотворби“, во организација на Домот на култура, Општина Кавадарци, градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци, како и со активна поддршка од претседателката на Друштвото на ликовни уметници – Кавадарци (ДЛУК), Марина Убавкова, и директорката на Домот на култура, Јулијана Туриманџова. ...

Ден пред почнувањето на празнувањето на големиот христијански празник Велигден -Воскресение Христово синоќа во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци беше отворена традиционалната „Велигденска изложба на ракотворби“ која во себе ги обединува традицијата, уметноста и духовноста преку дела на креативци од сите генерации. Публиката имаше можност да види рачно изработени и украсени велигденски јајца, венци, икони, свеќи, ...