Вчера во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш. Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа ...

Тешка сообраќајна несреќа, 36-годишно момче итно префрлено во болница Вчера околу 23.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од триесет и шестгодишниот Е.М од Куманово и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од триесет и седумгодишниот Ж.Д. од Куманово. „Во ...

Од струен удар почина двегодишно девојче на трамболина. Несреќата се случила во шпанскиот град Алкериас, Мурсија, во забавен парк на локалниот панаѓур, каде што деновиве се слави празникот на светецот-заштитник на градот. Медицинските екипи безуспешно се обидуваа да го реанимираат девојчето еден час, таа беше во несвест и крвареше од носот. Покрај несреќното девојче, повредени се уште три деца на возраст од 8, 11 и 12 години. Тие беа лекувани во ...