АВМУ денес испрати Нацрт упатство за радиодифузерите за тоа колку време можат да потрошат на политичко рекламирање – платено и неплатено. Она што е шокантно дека во упатството никаде ја нема Левица, партија со шест пратеници во Собранието, бидејќи по 4 минути добиваат двете најголеми владеечки коалиции (ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ) и двете најголеми опозициски коалиции (СДСМ и ДУИ), една минута добиваат партиите што освоиле места, но недоволно да ...

Партијата Левица реагираше на, како што велат, невиден облик на дискриминација од страна на властите во Македонија, откако им беше забрането платено политичко рекламирање во приватните медиуми што, според нив, претставува преседан во историјата на земјата. Пред Уставниот суд, на прес-конференција, претседателот на партијата Димитар Апасиев истакна дека нивната партија е единствената политичка сила од сите парламентарни и вонпарламентарни партии ...