Според анализата на податоците, 2025 година донела највисок пријавен доход досега, со раст од над 1,2 милијарди евра во споредба со претходната година, што се одразило и врз зголемената наплата на данокот на личен доход. Истовремено, бројките покажуваат дека голем дел од граѓаните и натаму не ја користат можноста лично да ги проверат и потврдат своите годишни даночни пријави, иако токму тој увид може да спречи евентуални грешки и дополнителни ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека е завршено годишното оданочување на граѓаните за 2025 година. При тоа се евидентирани 863.100 годишни даночни пријави, а вкупниот пријавен оданочив доход достигнал 612,9 милијарди денари (9,95 милијарди евра). Даночната управа констатира дека се уште има граѓани кои не отвориле кориснички профил преку кој се проверуваат даночните пријави, па така 158.657 пријави не се лично потврдени. Од вкупно ...