Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на местото каде што попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот кон Скопје, при што загинаа три лица, а едно дете е повредено. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при контакт меѓу патничко возило и автобус, по што автомобилот излетал од патот. Во него се наоѓале тројцата загинати и повреденото дете. Обвинителството соопшти дека се преземаат ...

Три лица ги загубија животите околу 16 часот на автопатот Тетово-Скопје. Според првичните информации на СВР Тетово, имало судир помеѓу возило „опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус. -Две лица, маж и жена, починаа на местото на настанот, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово, каде што исто така е однесено и повредено дете за да му се пружи лекарска помош, се вели во првичната информација од СВР Тетово. Јавен ...