Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска вели дека Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка ја пофалуваат работата на владата на Северна Македонија во однос на консолидацијата на буџетот. Кочоска рече дека постојат предвидувања дека во следните 10-15 години многу големи европски земји ќе банкротираат, но министерката уверува дека Северна Македонија нема да биде меѓу овие земји. „Видете, за стареењето на населението. ...

Јас сега колку што се сеќавам, во изминатиот период во Владата претседателот имаше средби со наши иселеници кои што се враќаат. И на запад состојбите веќе не се такви какви што беа“ рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска по состанокот на Комитетот за јавни инвестиции. Според неа, „Се очекува, тоа се некои проекции кои што ги имаат меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години големи европски ...