Во мајскиот уписен рок во петте основни училишта во Штип за новата 2025/2026 година се запишани 326 првачиња, што за 100 ученици помалку во однос на лани, кога биле запишани над 400 првооделенци. „Според податоците што ги добиваме од СВР и од патронажните здравствени служби, бројот на родените деца кои годинава треба да бидат прво одделение изнесува 470, но како и секоја година, практично се запишуваат помалку ученици поради иселувањето во други ...

Околу 100 првачиња во Штип “испарија”. Заврши мајскиот уписен рок, но со запишани 100 ученици помалку од лани, кога бројката надминувала и 400 првоодделенци. Ги има во матичната евиденција, но не и на списокот на запишани во училиштата. Штип не е единствената општина од истокот каде секоја година се намалува бројот на првачиња. Ситуацијата е слична и во останатите градови во овој дел од државата, а намален број на запишани првоодделенци има и во ...