Белата куќа соопшти дека извештаите на иранските медиуми за можен меморандум за разбирање за завршување на војната се „неточни и целосна измислица“. Иранската државна телевизија денес објави дека Техеран добил нацрт на почетна, неофицијална рамка за меморандум за разбирање со Соединетите Американски Држави за завршување на нивниот конфликт. Според документот, Иран ќе го врати комерцијалниот превоз низ Ормутскиот теснец на нивоата пред војната ...

Белата куќа соопшти дека извештаите на иранските медиуми за можен меморандум за разбирање за завршување на војната се „неточни и целосна измислица“. „Овој извештај на медиумите контролирани од Иран не е вистинит, а Меморандумот за разбирање што го објавија е целосна измислица. Никој не треба да верува во она што го објавуваат иранските државни медиуми. Фактите се важни“, беше објавено на официјалниот профил на Белата куќа на мрежата Икс. ...