Американските сили извршија нов бран воздушни напади врз Иран со цел дополнително да ги ослабат неговите воени капацитети во Ормутскиот Теснец, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Според американската војска, погодени биле околу 90 воени цели долж иранскиот брег. Меѓу метите се нашле системи за противвоздушна одбрана, објекти за крајбрежен надзор, складишта за ракети и беспилотни летала, како и поморска и логистичка инфраструктура. ...
Американската војска во средата соопшти дека извршила нови напади врз Иран со цел да го обезбеди слободното пловење низ Ормускиот Теснец, по што Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин. Новата ескалација дополнително ги загрозува дипломатските напори за ставање крај на војната. Новите напади, за кои САД соопштија дека се одговор на нападот од вторникот врз три товарни бродови што пловеле низ теснецот, се случија само неколку часа ...

