Повеќе од половина час им требало на некои луѓе да се евакуираат од опожарената дискотека во Кочани. Продолжува истрагата за причините кои довеле до инцидентот во кој животот го загубија 59 млади лица. „Мислев дека нема да преживеам. До мене имаше една девојка, а над мене имаше 3-4 луѓе. И така бевме притиснати заедно“. Така започнува приказната на еден од младите кои таа кобна ноќ биле во дискотеката Пулс. По негово барање, бугарската БТВ ...

Нови претреси на повеќе локации во Кочани и Скопје – Одземени се предмети кои ќе се користат како докази во истрагата за страотниот пожар, а неофицијално во полициска станица од вчеравечер се наоѓаат сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко. Од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација, но велат дека и вчера и денеска се вршеле распити со повеќе лица. “Извршени се претреси на пет локации во Кочани ...