Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк вчера беше отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески, а истата ќе биде достапна за посетителите до 27 јуни. Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. ...
Во Македонскиот културен центар во Њујорк (545 W 52nd St) отворена е архитектонската изложба „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ (Women in Macedonian Architecture: Rebuilding Skopje), проект од национален интерес во културата за 2025 година. Изложбата, како што информира Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Континео 2020, Скопје, е отворена на 9 август, а јавноста ќе може да ја погледне до 30 август ...