Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1905 година, во кичевското село Цер, загинал Христо Узунов. На 24-ти април 1905 година Христо со својата чета од Крушево заминал за Кичевско, но во кичевското село Цер четата била опколена од многуброен турски аскер со артилерија. Бидејќи немале никаква помош, борците биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. За да не им паднат живи в раце на Турците, тој и неговите 13 соборци ...

Денес пред споменикот во селото Цер беше одбележана 120-годишнината од погибијата на Христо-Димитров Узунов, македонски револуционер, учител и војвода и неговите соборци во кичевското село. На одбележувањето на годишнината од смртта на Узунов беа присутни претставници на родниот град Охрид, Кичево, месната заедница на Цер, на училиштата, чиј патрон е Узунов од селото Другово и Охрид и почитувачи на неговиот живот и дело. Тие пред споменикот ...

Во рамки на одбележувањето на годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети, делегација на Општина Охрид, претставници на политичките партии, претставници од институции, почитувачи на неговиот лик и дело денеска положија цвеќе пред спомен-бистата во Градскиот парк. Општинска делегација присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското село Цер. ...

Цер, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни граѓани и претставници од локалните самоуправи и јавниот живот, денеска, во селото Цер му оддадоа почит и го одбележаа денот кога пред 120 години, во 1905 година, во борба против турскиот аскер загина војводата Христо Узунов. На 24-ти април 1905 година Христо со својата чета од Крушево заминал за Кичевско, но во кичевското село Цер четата била опколена од многуброен турски аскер со артилерија. Бидејќи ...