Денеска во 02.00 часот по полноќ во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, пред влез во село Марена, кавадаречко, патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.П.(22) од село Тремник, неготинско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, известија од полицијата. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР ...
Патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 48-годишната Р.Т. од Велес, вчера околу 16:20 часот на улица „Димко Најдов“ излетало од патот и завршило на пругата кај Стар Мост во Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле 48 годишната Р.Т. и нејзината 11-годишна сопатничка од Велес, констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес, информираат денеска од СВР Велес. Извлекувањето на автомобилот било ...
Две млади лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22:50 часот на регионалниот пат Желино–Сиричино, во тетовскиот регион. Како што соопшти СВР Тетово, возило марка „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.Ш. од село Шемшево, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека 14-годишна девојка, која се наоѓала на совозачкото седиште, се здобила со ...