И покрај лошите временски услови,со засилено темпо се изведуваат градежните зафати на автопатот Кичево-Охрид. Станува збор за најкомплексниот инженерски зафатне само кај нас, туку и во поширокиот регион.На делницата од 57 км, се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да биде стабилен и безбеден. Четириесет километри се ставени во функција,граѓаните очекуваат час поскоро ...
Почнато е со изградбата на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а претходно ја решаваме експропријацијата на земјиштето и отстранување на објекти по овие траси, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николоски кој од собраниска говорница одговараше на прашањето: каде се трошат средствата на граѓаните од патарините на автопатиштата во земјата, поставено од пратеникот Халил Снопче. Министерот Николски ...
Сè поизвесно е дека ќе има одложување на рокот за завршување на автопатот Кичево–Охрид, и тоа за уште неколку месеци, иако власта вети дека тој целосно ќе биде готов до крајот на 2026 година. Министерот за транспорт, Александар Николоски, вели дека и временските услови во изминатиот период не биле поволни. „Не можам да ги предвидам временските услови. Оваа есен беше дождлива. Дали ќе го завршиме во декември или во март, тоа е распонот поради ...
Интензивно се работи на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Се користат современи техники за да се стабилизираат косините а што се однесува до свлечиштата најкритично е кај селото Ботун каде целата планина буквално се спушта. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николоски истакна дека динамиката на градежните работи е одлична и очекува автопатот да биде пуштен во рамките на договорениот рок. На автопатот Кичево–Охрид се изведува ...

