До крајот на септември може да очекуваме подобрување на состојбата со комуналниот отпад во Скопје, за кога е најавена набавка на 3.000 контејнери, како и камиони за собирање отпад. СПоред најавите на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, контејнерите треба да пристигнат на почетокот на септември, а потоа и камионите кои ќе го одвезуваат сметот, па до крајот на септември, состојбата треба да се подобри. Сепак, тој смета дека доколку не ...

Продолжуваат проблемите со преполни контејнери, преплавени со отпад и лоша миризба. И денеска ваква слика забележавме на повеќе места низ градот. Но, се комплицира ситуацијата и со кабастиот отпад. На многу места се забележува покуќнина расфрлана околу контејнерите која со денови претставува декор на градските населби. Од комуналец веќе посочија дека се свесни за ситуацијата и дека работат со сето она кое го имаат на располагање, но кабастиот ...