Во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Франкофонијата, од 23 до 30 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи Недела на франкофонски филм. Програма: Отворање Понеделник, 23 јуни, 20 ч. „Ривиера“ (2024, 1h 24m) од Орфеас Перецис, со Ева Самиоти, Михалис Сириопулос, Марија Апостолакеа, Костас Коронаиос, Мирто Меитани-Кастринаки Синопсис: Една свената палма, една осудена романса и мајка која сака да продолжи напред. Ова лето ќе биде ...
Кинотеката на Македонија доби значајна донација од семејството на култниот македонски режисер Кирил Ценевски (1943-2019). Семејството на режисерот ги предаде на чување и изложување дел од наградите и признанијата кои режисерот ги доби во текот на својата извонредна авторска кариера. Наградите и признанијата на Кирил Ценевски се изложени во фоајето до киносалата на Кинотеката, онаму каде што Ценевски припаѓаше – блиску до филмот и публиката, ...