Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) овој викенд одржува партиски конгрес во Ерфурт, додека во пресрет на регионалните избори на истокот од земјата смета на зајакнување на влијанието и на можен прв сериозен влез во власта. Оваа ултрадесничарска партија на собирот избира раководство и настојува да покаже единство со продолжување на мандатот на копретседателите Алис Вајдел и Тино Хрупала, кои ја водат веќе четири години. ...

АфД која е делумно десноекстремна, се најде на насловните страници уште пред почетокот на конгресот. Темите се движат од најавени масовни протести против АфД, дебати во врска со потенцијални постапки за забрана на партијата и борби за моќ во рамки на партиското раководство. Покрај сето тоа, најновите расистички испади од страна на функционери на партијата речиси и да паднаа во сенка. Имено, во изминатите денови неколку политичари се огласија ...

Демонстрантите од синдикатите, организациите на граѓанското општество и левичарските партии се собраа додека полицијата распореди голем број безбедносни сили, вклучително и засилувања од други делови на Германија, пред дводневниот конгрес на „АфД“, објавува „Ројтерс“. Полицијата проценува дека околу 15.000 луѓе учествувале во протестите во Ерфурт и околината. „Сакаме јасно да ставиме до знаење дека едноставно нема да го толерираме ова и дека ...

– Делегатите на националната конвенција на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) денеска со големо мнозинство ги реизбра своите лидери, додека десетици илјади антидесничарски демонстранти протестираа, а некои се судрија со полицијата што го обезбедуваше митингот. Продолжени се мандатите за уште две години на Алис Вајдел и на Тино Хрупала, кои на денешната конвенција немаа противкандидати. Вајдел е реизбрана со 81 проценти ...