Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија на 4 септември во рамки на официјалниот ФИФА термин. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот. Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1. август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога ...

Фудбалската федерација на Македонија и официјално потврди дека пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија избраниците на Благоја Милевски ќе го играат на 4 септември, кој е во официјален ФИФА термин, на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17 часот. Контролниот натпревар во Прага ќе биде еден вид тест за македонската селекција пред квалификацискиот натпревар со Лихтенштајн кој се игра на 7 септември на националната арена „Тодор ...