Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската војска ја продлабочува офанзивата во Либан и дека во операциите учествуваат „значајни копнени сили“. Тој тврди дека армијата контролира стратешки области. Тензиите повторно растат. Изјавата била дадена на почетокот на состанокот на израелскиот безбедносен кабинет, соопштил неговиот кабинет. Нетанјаху не прецизирал за кои локации станува збор. „Продолжуваме со операциите“ – Ги ...
Десетици загинати во израелски напади низ јужен и источен Либан, откако израелскиот премиер Нетанјаху објави засилени воените дејствија против Хезболах. И покрај тековните напори за прекин на огнот и планираните директни разговори со либанските претставници во Вашингтон, израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 100 инфраструктурни локации и борци на милитантната група. „Под мое водство и на министерот за одбрана, заедно со ...
Најмалку 31 лице, меѓу кои и деца, го загубија животот по силен бран израелски воздушни напади во јужен и источен Либан. Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети ескалација на воените операции против Хезболах, либанското Министерство за здравство соопшти дека десетици други лица се повредени во бомбардирањата, кои се сметаат за едни од најтешките од прекинот на огнот посредуван од САД во април, пренесува BBC. Израелската армија ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наредил на израелската армија да ја прошири контролата врз Појасот Газа и да заземе околу 70 проценти од палестинската територија, и покрај примирјето што претходно беше договорено со посредство на САД. Во моментов, Израел контролира околу 64 проценти од Газа, територија која беше речиси целосно уништена за време на двегодишната офанзива што следуваше по нападот на Хамас врз јужен Израел во 2023 ...

