И денеска на голот на нашата репрезентација го имавме извонредниот Мартин Томовски. Повратникот во составот на Лазаров, по мечот не го криеше задоволството од пласманот на уште едно големо натпреварување. „Среќен сум што го остваривме овој момент, оваа цел, да се пласираме на уште едно големо натпреварување. Чест ми е и задоволство да го носам дресот на македонската репрезентација и така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на момците за ...

Гоце Ојлески по неколку години пауза повторно го облече репрезентативниот дрес, помагајќи на клучните средби со Естонија и со Литванија да стигнеме до билет за ЕП 2026. Искусното лево крило дојде на помош во ситуација кога повреден е Цветан Кузманоски, максимално користејќи ја минутажата добиена од селекторот и со своето искуство помагајќи да останеме смирени и по слабиот старт на мечот. „Како и секогаш, тука сум за репрезентацијата, да помогнам ...

Ракометната репрезентација на Македонија го задржува континуитетот и е една од ретките со редовен настап на сите европски и светски првенства од 2012 година откако „црвено-жолтите“ со импресивна победа над Литванија стигнаа до второто место во групата кое значи и билет за ЕП 2026. За пласман на ЕП ни беше довона победа од најмалку два гола, но ракометарите одиграа импресивно, пред се во второто полувреме во кое целосно го скршија отпорот на ...