Израелски тенкови отворија оган врз толпа луѓе кои се обидувале да добијат помош од камиони во Газа во вторникот, при што загинале најмалку 59 лица, според медицински извори на Ројтерс. Ова е еден од најкрвавите инциденти досега во ескалацијата на насилството додека очајни жители се борат за храна. Видео објавено на социјалните мрежи прикажува околу десетина обезглавени тела на улица во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, пишува Ројтерс. ...

ГАЗА (АА) – Израелската Армија уби најмалку 32 Палестинци и рани десетици други во воздушните напади и нападите со огнено оружје низ Газа денес, според медицински извори и очевидци, јавува Анадолу. Меѓу загинатите се 11 Палестинци кои се собрале во близина на коридорот Нецарим во Јужна Газа чекајќи хуманитарна помош, каде што израелските сили отвориле оган, ранувајќи други, од кои некои критично. Израелската војска дозволува само ограничен број ...