И покрај тоа што се наоѓа пред освојување на Скудето, Антонио Конте би можел да си замине од Наполи. Се погласни се шпекулациите дека Конте повторно ќе го преземе кормилото на Јувентус, а тоа би значело дека Наполи ќе мора да бара нов тренер. Според „Туто Меркато“, незадоволството на Конте од трансферите и пред се продажбата на Кварацхелија, ќе придонесат тој да си замине од Наполи. Истото издание додава дека Наполи веќе почнало контакти за нов ...
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, е контроверзен лик, тоа одамна не е вест во Италија, но овојпат навистина ги надмина сите очекувања. Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе има подготвена замена за Антонио Конте, а тоа е Масимилијано Алегри. Се чини дека нешто се случува под Везув, и тоа токму во моментите кога клубот е на чекор од ново „скудето“. Според информациите, многу е веројатно дека Антонио Конте сам побарал да ...