Тотенхем создава тим по мерка на новиот тренер Томас Френк кој во своите редови сака да го има младиот бразилски талент Савињо, пренесуваат англиските медиуми. Официјални преговри се веќе започнати, а и самиот 22-годишен фудбалер преферира премин во редовите на лондонскиот тим каде ќе има поголема шанса да го покаже својот потенцијал. Реализацијата на трансферот нема да биде лесна со оглед на тоа што и Пеп Гвардиола сака да го задржи фудбалерот ...

Манчестер сити е блиску до ангажманот на Џанлуиџи Донарума, но раководството на Граѓаните подготвува вистинска трансфер-бомба. Пеп Гвардиола во својата екипа сака да го има Родриго, а веќе се остварени и првите контакти помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. Граѓаните се увериле дека Родриго навистина е на продажба, но за него ќе мора да платат 100 милиони евра, сума која воопшто не претставува проблем за нив. Бразилецот не е задоволен од својот ...

Англискиот премиерлигаш Тотенхем испрати понуда до Манчестер Сити за доведување на бразилскиот крилен напаѓач, Савињо. „Би Би Си“ денес ја потврди информацијата и објави дека Манчестер Сити ќе ги разгледува само оние понуди што се повисоки од 50 милиони фунти. 21-годишниот Бразилец пристигна во Манчестер Сити во јули минатата година од францускиот Троа во трансфер вреден 30,8 милиони фунти. Савињо одигра вкупно 48 натпревари и постигна три гола ...