Судбината на Ергин Атаман во Панатинаикос наскоро треба да биде позната, а тоа е отказ за трофејниот турски тренер. Денешниот тренинг на клубот е откажан, поради тоа што турскиот стручњак ќе одржи состанок со Димитрис Јанакопулос. Медиумите таму нашироко пишуваат дека часовите на Атаман на клупата на атинските зелени се одбројани, па само прашање на време е кога и официјално ќе биде објавено дека тој повеќе не е тренер на клубот. ПАО не успеа ...
Ергин Атаман ќе продолжи да го води Панатинаикос најмалку до крајот на оваа сезона, откако турскиот стратег успеа да ја преживее големата криза по вчерашните шпекулации дека му е подготвен отказ, а на негово место ќе пристигне Жељко Обрадовиќ. Газдата на ПАО, Димитрис Јанакопулос, утрово објави заедничка фотографија од прегратката со Атаман по освоената титула во Евролига, воедно „пецнувајќи“ ги новинарите кои пишуваа дека денеска ќе има ...

