Проектите од јавниот повик за унгарскиот кредит на кој се јавија општините, требаше да го подигнат квалитетот на живот на граѓаните, но парите во градежната офанзива, како што тврдеше премиерот Христијан Мицкоски, завршија буквално во канализација, односно за изградба на фекална канализација. Од вкупно 80 општини во Македонија пристигнаа речиси 900 проекти од вториот повик на владата за аплицирање со проекти што се финансираат со 250 милиони ...
Владата го продаваше унгарскиот кредит како развојна офанзива за општините, но бројките покажуваат дека најголемиот дел од тој наратив заврши во најосновна комунална инфраструктура. Од октомври 2024 до октомври 2025 година за општински проекти беа планирани 250 милиони евра, но одобрени беа 112 милиони евра преку шест министерства, и тоа 71,1 милион евра за 288 проекти во првата транша и уште 41,4 милиони евра за 828 проекти во втората. По ...

