Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица во „Петар Пан“, рече француската балерина со македонско потекло Роксан Стојанов, на синоќешното свечено отворање на 21. издание на Танц фест Скопје. Стојанов, која лани во декември беше прогласена за Ѕвезда на Париската Опера, е годинашна добитничка на наградата ...

Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, ја прими наградата „Менада“за врвни достигнувања во танцовата уметност за 2025 година, синоќа, на свеченото отварање на годинешното издание на Танц Фест 2025, кој одбележува 35 години современа танцова сцена кај нас. Наградата, во присуство на бројни гости од сите сфери на живеење, ѝ ја врачи истакнатата кореографка Рисима Рисимкин, уметничкиот директор на Танц фест Скопје. „Благодарение на ...