Шеј Гилџес-Александер уште еднаш потврди зошто го доби приматот за МВП на сезоната во НБА лигата и блесна во вториот меч од финалната серија на западната конференција. Гилџес-Александер беше незадржлив и постигна 38 поени, а имаше и осум асистенции и три украдени топки предводејќи ја Оклахома до победа од 118:103 против Минесота. Ова е петти меч по ред на кој Гилџес-Александер постигнува 30+ поени. Оклахома уште на стартот одлично започна и ...
Оклахома го одбрани домашниот терен од Минесота, во првите два натпревари од финалната серија на Западот. Тандер, вториот меч го добија со 118:103. Освен три пати, домашната екипа цело време имаше предност. Минесота последен пат водеше со 37:36 на почетокот од втората четвртина, а остатокот од натпреварот го помина во апсолутна контрола над Оклахома. Домашните имаа „само“ осум поени предност (58:50) на полувремето, но потоа го засилија ритамот ...
Оклахома ја победи Минесота Тимбервулвс со 118-103 изминатава ноќ, за водство од 2-0 во серијата во НБА лигата. И вторпат Оклахома убедливо славеше, а новиот МВП, Шеј Гилџес-Александар беше најдобар поединец со 38 поени, три скока и осум асистенции. Џејлен Вилијамс постигна 26 поени и дополни со 10 скока и 5 асистенции, а Чет Холмгрен имаше двоцифрен број поени – 22 поени. Од друга страна, кај Минесота, Ентони Едвардс беше најдобар поентер со 32 ...