Ниту поразот од Силекс не го расипа шампионското славје на Шкендија. Тимот од Тетово денеска го прими пехарот за најдобра екипа во сезоната 2024/25. Шкендија уште минатото коло го обезбеди шампионскиот пехар, петти во својата историја. Денеска по мечот со Силекс, првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ му го предаде на капитенот на екипата, Бесарт Ибраими, кој третпат по ред ја освојува титулата (претходните два пати со Струга ТЛ). Следуваше ...

И покрај поразот од Силекс со 1:3 во последното коло од Првата македонска фудбалска лига, во Тетово попладнево има големо славје. Шкендија и официјално го доби шампионскиот пехар за сезоната 2024/25 и ја почна шампионската прослава. Тетовците „црно-црвени“ по петтипат станаа шампиони на Македонија, а капитенот Бесарт Ибраими и неговите соиграчи ги добија заслужените медали и шампионскиот пехар од рацете на претседателот на Фудбалската ...