Тотенхем како гостин извојува победа од 2-0 над Манчестер сити во дерби меч од Премиер лигата. Манчестер сити немаше загубено меч во Премиер лигата од 8-ми март наваму, но Тотенхем потврди дека знае како да ги совлада Граѓаните на нивениот стадион. За Тотенхем ова беше трета победа на последните пет лигашки гостувања на „Етихад“. Победата го искачи Тотенхем привремено на првото место на табелата, имаат 6 бода од гол-разлика од 5-0 по две кола. ...
Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, стана само третиот тренер кој го победил Манчестер Сити со два различни клуба како гостин откако „Граѓаните“ ги предводи Пеп Гвардиола. Тотенхем денеска го победи Сити со 2-0 во дербито од второто коло од англиското првенство на „Етихад“ со головите на Бренан Џонсон (35) и Жоао Палињо (45+2). Франк, кој го презеде Тотенхем кон средината на јуни на местото на Анге Постекоглу, исто така, славеше на „Етихад“ во ...