Министерството за култура не се откажува од Универзал Балкан, кој по шести пат е избран за изведувач на Универзална сала по принципот клуч на рака. Инфомакс претходно детално пишуваше за овој случај каде пет пати по ред се избира истиот изведувач од страна на Министерството за култура, иако ДКЖЈН во повеќе наврати ја поништува одлуката на Министерството. На 18.03.2026 година Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе Решение со кое ...

Градежното друштво „Универзал Балкан“ од Скопје повторно е избор на Министерството за култура и туризам како најповолен изведувач што треба да ја изгради Универзална сала. Одлуката е донесена по повторена евалуација на понудите, но договорот сѐ уште не е склучен, а неизвесно е дали воопшто ќе биде склучен, затоа што одлуката еднаш е веќе обжалена, а жалбата прифатена од Државната комисија за жалби по јавни набавки. Изградбата на објектот е ...