Според извештаите на светските медиуми, Израел го изменил својот закон за да ги класифицира крокодилите како „ценети диви животни“, што им овозможува да бидат чувани во разни објекти и на крајот би го отворило патот за употреба на крокодили во затворите. Контроверзниот предлог затворите со Палестинци да бидат опкружени со крокодили го изнесе крајнодесничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир кон крајот на минатата година. ...
Израелскиот министер за заштита на животната средина, Идит Силман, донесе одлука според која крокодилите повеќе не се чуваат исклучиво како диви животни, туку добиваат нова законска категорија што би можела да овозможи нивна употреба за безбедносни цели. Промената значи дека крокодилите сега можат да се класифицираат како „одгледувани диви животни на фарм“, што отвора можност, со одобрение од државата и под условите пропишани од надлежните ...

