Баерн Минхен веќе се пофали со потписот на Џонатан Тах од Баер Леверкузен, но неговиот договор стапува на сила на први јули. „Баварците“ инсистираат тој да игра и на Светското клупско првенство, кое започнува на 14-ти месецов, но „фармацевтите“ немаат намера да го ослободат дефанзивецот порано. Од Баер Леверкузен бараат обесштетување во висина од седум милиони евра, по примерот на Ливерпул и Реал Мадрид за Трент Александер-Арнолд. Сепак, ...
Продолжуваат промените во Манчестер Сити. Менаџерот Пеп Гвардиола нема да го поведе Џек Грилиш во составот за претстојното клупско Светско првенство. Ова е сигурен знак дека играчот ќе ги напушти „граѓаните“ во претстојното лето. 29-годишниот играч од средниот ред пристигна на „Етихад“ во летото 2021 година од Астон Вила за 100 милиони фунти. Неговата форма во последните две сезони почна да опаѓа и често беше сè повеќе на клупата. Одлуката за ...
Манчестер Сити планира да му најде нов клуб на Џек Грилиш ова лето, а предзнак за такво нешто не е само последната изјава на Пеп Гвардиола, туку и најавата за следниот потег на клубот. Англиските медиуми вечерва едногласно објавија дека Сити решил да го изостави англискиот репрезентативец од составот за претстојното Светско клупско првенство, на кое премиерлигашот обезбеди место со освојувањето на европската титула пред две години. Сити плати ...