„Македонија има свое место во Европската унија и тоа може да се случи до 2028-та година, но, уставните измени се неопходен чекор. Однапред не можат да се дадат гаранции“. Ова е пораката што од Скопје ја испрати еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Земјава доби пофалба и потврда за спроведувањето на реформите, за кои македонските власти велат дека не се само декларативна заложба, туку вистински се случуваат. „Проширувањето не се базира ...
Според професорот и екс-член на Заедничката историска комисија со Бугарија, Огнен Вангелов, не постојат гаранции што можат да ѝ го одземат правото на вето на земја членка на Европската Унија доколку таа има намера повторно да блокира. Ова следува откако еврокомесарката за проширување, Марта Кос посочи дека во досегашната практика на Унијата нема пример земја-кандидат да добила гаранција дека нема да се појават нови спорови во текот на ...

