Поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски и припадник на Шестата управа на МВР, Ангел Самараков, денеска се појави пред Кривичниот суд во Скопје како обвинет за оддавање службена тајна на Благоја Коруноски, кој во постапката има статус на сведок. На прашањето од судијата дали се чувствува виновен за делото кое му се става на товар, Самараков кратко одговори: „Не сум виновен.“ Во воведниот говор, обвинителката Ивана Трајчева ...

Претседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска поднела оставка утрово во Собранието, потврди за Телма нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ. Во оставката се повикува на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција и нема друго образложение. Оставката следува една недела откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела. За оддавање службена тајна на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино ...