По четири години строго почитување на дрес код, раце без долги нокти и лице без шминка во ходниците на битолските медицински здравствени установи – учениците на средното медицинско училиште може да си ги реализираат сите свои идеи за изглед. Матурантите годинава ја покажаа важноста на изборот на добра облека – аутфит што е изјава дека завршило тинејџерството и дека започнува светот на возрасните. Според востановениот ред – најпрвин треба да се ...

Матурските прослави на училиштата во Битола завршија. Четвртокот вечерта беа двете последни прослави, на медицинското и музичкото училиште. Пред „Белведере“, пристигнаа матурантите од државното музичко училиште во Битола, училиште кое е расадник за многу успешни и талентирани уметници во светот на музиката, и класичната, но и во други жанрови, откако го завршиле средното образование и се насочиле во некој правец. И тука тапани, ора, ...