„Алди“ ќе стане првиот супермаркет во Велика Британија кој ќе им плаќа на помошниот персонал во своите продавници, најмалку 13 фунти на час. Од 1 септември 2025 година, минималната плата за асистенти во продавниците на „Алди“ ќе се зголеми на 13 фунти низ цела земја и на 14,33 фунти во рамките на зоната M25 (околу Лондон), а дополнително ќе порасне на 13,93 и 14,64 фунти во зависност од должината на работниот стаж, пренесува „Гроусери газет“. ...
„Алди“ продолжува со проширување на употребата на соларна енергија со поставување соларни панели на дополнителни 90 продавници, со што вкупниот број објекти опремени со оваа енергетски ефикасна технологија ќе достигне околу 500 што претставува речиси половина од сите „Алди“ продавници низ Обединетото Кралство. Дисконтерот планира до крајот на 2025 година да инсталира соларни системи со моќност од 144 kWp на 41 локација, а дополнителни 49 ...