Зголемена фрекфенција на пациенти на вакциналниот пунк во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип. Причина за ова е уписот во прво одделение, како и уписот во градинка за што се бара потврда за уреден вакцинален статус. „Овие денови пред уписите во градинка ние имаме зголемена фрекфентност на пациенти. Тоа се дел од родителите кои заради нивни лични убедувања ја одложуваат вакцинацијата до моментот кога треба детето да се запише во градинка. ...

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, информира денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на МОН. Обезбедени се и учебници по странските ...