Вардар го заврши својот настап во Европа и тоа во Лозана вечерва. Пораз од силната Лозана од 5:0, со која се стави крај на ова европско лето. Не смее да има разочарување, никако, па сите ние знаеме каде беше Вардар до пред половина година. Ова ќе биде поука за натаму, во секој случај. По мечот стратегот на Вардар, Гоце Седлоски имаше свој коментар: „Честитки за Лозана за заслужената победа и тоа што одат понатаму. Доста тежок резултат за нас ...

Со резултат 5:0 швајцарскиот претставник Лозана ја анулира негативата од 2:1 од Скопје против Вардар и продолжува во третото квалификациско коло во Лигата на конференции на УЕФА. Препорачано За скопските „црвено-црни“ евро настапите завршуваат и сега се концентрираат на домашните натпреварувања – лигата и Купот каде атакуваат на двата трофеи. – Честитки за Лозана за заслужената победа и пласманот понатаму. Тежок резултат за нас, како клуб. ...