Долгогодишниот капитен на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, испиша нова историја и влезе во аналите на македонската кошарка откако стигна до неверојатен учинок. Братот близнак на Војдан Стојановски се закити со десеттата шампионска титула во мак-баскетот, а воедно има и десет трофеи во Купот на Македонија, што е уникатно и историско достигнување. Стојановски повеќе од една деценија е вистински симбол на МЗТ Скопје и секогаш плени со својот луциден ...
МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата на македонската кошаркарска сцена, што истовремено значеше и продолжување на жетвата на трофеи на Дамјан Стојановски, кој е најтрофејниот кошаркар во мак-баскетот. Со вчерашната титула капитенот на МЗТ стигна до неверојатно достигнување – „дабл-дабл“ трофеи во мак-баскетот, или поточно – по десет освоени титули во македонскиот шампионат и во Купот на Македонија. Дамјан сите десет пехари во првенството ги освои ...