„Компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Дополнително, веќе се обезбедени средства и за втора тура на облека, а на 16 и 17 јуни повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе почнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка. Особена благодарност Support Kocani упатува до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобриле попуст во вредност од 19.600 лева, со што значително се олесни ...

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ ја подмири сметката за набавка на првата пратка компресивна облека, наменета за лицата кои настрадаа во несреќниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари. Финансиските средства за набавката, како што известија од иницијативата, беа целосно прибрани преку донации од граѓани, фирми и помагачи од државата и од други земји. Од „Сапорт Кочани“ информираат дека компресивната облека е порачана и се ...