Поранешниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон остро ги критикуваше предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на руската војна во Украина. Во објава на Икс, Џонсон истакна дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува неселективно да убива украински цивили – повеќе од 100 убиени и ранети во Киев, меѓу кои и деца – а во замена за тоа му се нуди право да задржи насилно освоена суверена украинска територија, да ја ...

Поранешен британски премиер и отворен поддржувач на Украина, објави порака во која очигледно ги критикува идеите на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната. Имаше извештаи дека мировниот план на Трамп вклучува признавање на Крим, кој Владимир Путин нелегално го анектираше во 2014 година, како дел од Русија. Трамп призна дека ќе биде „многу тешко“ за Украина да ја врати територијата, но повтори дека е „блиску до договор“. ...