Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес денеска ги соопшти добитниците. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на актерката Теаута Ајдини -Јегени, хорската диригентка, професорката Летка Димовска – Полизова и на Иво Јанковски, продуцент – промотор на ...

Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорскиот диригент проф. Летка Димовска-Полизова и продуцентот и промотор на македонската уметност, Иво Јанкоски, се добитници на државната награда „11 Октомври“, највисокото признание за животно дело во 2025 година, во областа на уметноста. Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ја соопшти одлуката за доделување на наградата во областа на науката, уметноста, стопанството и на другите дејности од ...