СДСМ реагира на изјавите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој од Дубровник зборуваше за прашања поврзани со македонскиот идентитет. Според меѓународниот секретар на партијатаа, Андреј Жерновски, говорот на Муцунски е „лицемерие кое не познава граници“. -Со години ги лажевте граѓаните дека Македонија го изгубила идентитетот. Дека сме станале „северномакедонци“. Дека зборуваме „северномакедонски јазик“. ...

Меѓународниот секретар на СДСМ, Андреј Жерновски, остро го нападна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, обвинувајќи го дека ВМРО-ДПМНЕ со години ширела страв и невистини за македонскиот идентитет, а денес ги потврдува истите позиции што претходно ги нарекувала предавство. Реакцијата следува по настапот на Муцунски на Дубровник форумот, каде што министерот порача дека не постојат „северномакедонски“ народ, јазик или идентитет, туку ...