Маестралниот настап на британскиот виолинист Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева во црквата „Света Софија“ во Охрид ја воодушеви публиката и ги оплемени сетилата со магичните звуци на виолина и пијано. На Британската вечер срдечно ги пречекавме претседателката Gordana Siljanovska Davkova, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Aleksandar Nikoloski, министерката за образование Проф д-р Весна Јаневска, како и ...
„Романсата сѐ уште не е мртва“ беше наслов на концертот што вчеравечер во рамки на Британската вечер на 65. издание на „Охридско лето“ го одржаа британскиот виолинист Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева во црквата „Света Софија“. Романтичната вечер која од почетокот ѝ ветуваше на публиката неповторливо музичко доживување што долго ќе се памети, започна со Соната за виолина и пијано од Франц Шуберт, а продолжи со дела од Шопен, Изаи, ...