Грција го отвора прашањето за неспроведување на Преспанскиот договор од македонска страна. Забелешките се нотирани на средбата во Атина помеѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот колега Јоргос Герапетритис. Атина изразила загриженост поради зачестената употреба на името Македонија без „Северна“ од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите, објавија грчките медиуми. „Би сакал повторно да ја нагласам ...

Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи. Во силата на дипломатијата заснована на почит и во нашата заедничка способност да изградиме иднина што ќе биде функционална. Не само денес, туку и за генерациите што доаѓаат, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис и порача дека „меѓусебното почитување е основата врз која се гради трајна соработка“, јави ...